32.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Сензационална вест од Шпанија, Меси одлучил во кој клуб ќе ја продолжи кариерата!

Доколку Лионел Меси ја напушти Барселона во летото 2021 година, негова желба е кариерата да ја продолжи во италијанскиот гигант Интер. Ваква информација објави еден шпански медиум.

Најголем интерес за Меси, барем јавно, пројавуваат Пари Сен Жермен и Манчестер сити, клубови кои имаат богати сопственици кои не штедат пари, но потајно Лео посакува да го облече дресот на Интер, кој има кинески сопственик. Интер и летоска се спомнуваше како потенцијален иден клуб на Меси, татко му купи куќа во Милано, но Нераѕурите тогаш велеа дека немаат намера да го купат Меси, бидејќи немаат пари за да го откупат договорот. Од 1 јули 2021, Меси е слободен играч и Интер може да го добие без да плати отштета.

Со месеци се шпекулира околу иднината на Меси по 30-ти јуни и дека дефинитивната одлука ќе ја донесе по претседателските избори во Барселона, но ако реши да си замине, можеби работата ќе биде „двајца се караат (ПСЖ и Сити), третиот користи (Интер)“. Доколку Меси се пресели во Серија А, тоа ќе биде повторно обновување на неговото ривалство со Кристијано Роналдо од Јувентус.

Манчестер сити го врза Пеп Гвардиола со нов договор за да го привлече Меси, Нејмар е главниот адут на ПСЖ, но има и една друга важна работа, сопругата на Меси, Антонела, пререфира преселба во Милано.

- Оглас -

Најнови вести