Радукану предолго го славеше успехот во Њуорк, доживеа дебакл во првиот меч по гренслем титулата

Сензационалната шампионка во Њујорк, на САД опен, Ема Радукану доживеа дебакл на првиот меч по гренслем титулата и загуби со 2:6, 4:6 од Белорусинката Саснович.

Радукану која се уште е тинејџерка и има само 18 години одигра слаб меч во второто коло на Индијан Велс, откако во првото беше слободна и загуби на убедлив начин.

Саснович го контролираше мечот против фаворитката од Англија со романско потекло и неочекувано лесно се пласира во третата рунда на ценетиот турнир.

Радукану приреди огромна сензација на САД опен и стана една од најмладите гренслем шампионки во историјата на тенисот.

Нејзината противничка во финалето во Њујорк, Лејла Фернадес не дозволи изненадување и со 6:2, 6:3 во втората рунда во Индијан Велс ја елиминира Ализ Корне.

 

- Оглас -

Најнови вести