Сензационалниот Нотингам форест е на седмо небо, ита кон Лигата на шампионите

Со победата од 7-0 против Брајтон, екипата на Нотингам форест ги воодушеви своите фанови на „Сити граунд“ кои првпат на својот стадион после 38 години видоа хет-трик на нивен играч во елитната англиска лига, а ваква изведба со седум голови и победа од 7-0 последен пат имале во сезоната 1991/92 против Челзи.

Крис Вуд даде три гола и потврди дека ја има сезоната на кариерата, веќе има 15 погодоци сезонава, еден повеќе од целата претходна сезона.

Шумарите во минатото коло беа разбиени со 0-5 од Борнмут, а денеска целосно се извадија со победа и тоа уште поубедлива. Во моментов Форест е трети на премиерлигашката табела со ист број бодови како и вториот Арсенал кој има еден меч помалку.

- Оглас -

Најнови вести