Сензационалниот тинејџер станува мултимилионер откако го потпиша највредниот договор во историјата на пикадото

Лук Литлер е момчето за кое светската спортска јавност дозна благодарение на сензационалниот настап на Светското првенство во пикадо. Тинејџерот кој минатиот месец наполни 17 години иако нерангиран, на Светското првенство стигна до финалето, а непосредно по завршувањето на тој Мундијал, Литлер стигна и до првиот сениорски трофеј освојувајќи го Мастерсот во Бахреин.

Фирмата Target Darts, која го следи Литлер од неговата 12-та година, потпиша мултимилионерски договор, што е најголем во историјата на пикадото, тврдат англиските медиуми.

„Потпишувањето на договорот со Target Darts за мене е посебен момент. Тие ме следат откако имав 12 години и среќен сум што продолжувам понатаму. Изминативе неколку месеци беа бурни, интересни, а една од најдобрите работи е тоа што многу млади луѓе започнаа да играат пикадо“, рече Литлер, чиј спонзорски договор со фирмата ќе вреди во следните неколку години.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести