Сер Алекс Фергусон е вечен оптимист, очекува петарда во мрежата на Јан Облак (Видео)

Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон, е вечен оптимист и очекува убедлива победа на Црвените ѓаволи вечерва, од 21 часот, против Атлетико во Мадрид.

Манчестер јунајтед гостува на „Ванда Метрополитано“ во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч со шпанскиот првак, а Фергусон типува дека неговиот некогашен тим ќе победи со 5:0.

Sir Alex Ferguson predicts Man United will win 5-0 against Atlético Madrid (credit: Y Haider) from soccer

Фергусон беше тренер на Црвените ѓаволи од 1986 до 2013 година и во неговата ера Манчестер јунајтед освои 13 шампионски круни и стана најтрофеен клуб со 20 англиски титули.

Вкупно беа освоени дури 38 пехари во сите натпреварувања со Шкотот на клупата на англискиот гигант.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести