Јирген Клоп ја доби наградата за најдобар тренер во Премиер лигата за оваа сезона. На свечената церемонија која што се одржа вчеравечер, стратегот на Ливерпул беше избран од страна на останатите тренери, новинарите како и комисијата од фудбалската асоцијација на Англија.
Наградата му беше доделена од легендарниот Сер Алекс Фергусон кој што беше во добро расположение.
„Пред 12 години прв пат го запознав Клоп и му кажав дека треба да дојде во некој клуб кој што има голема традиција. Проклет да сум, требаше да му кажам да оди во Сканторп бидејќи ова е агонија да се гледа како навивач на Манчестер јунајтед“ изјави низ смеа легендарниот тренер.
It’s two awards for Jurgen Klopp as he picks up the LMA Manager of the Year award and the Sir Alex Ferguson trophy 🏆 pic.twitter.com/yjOBcR0FPx
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 24, 2022