Сер Боби Милевски: Мотивот да се победи секој меч е притутен, не обрнувам внимание на изјавите на Португалците

Македонија продолжува со фантастичните игри од минатата година и по промената на селекторот. Боби Милевски кој ја однесе нашата млада репрезентација Европското првенство пред неколку години, ја продолжи одличната работа на Игор Ангеловски.

„Секој ден е добро да се биде Боби Милевски. Јас бев обичен човек пред натпреварот со Италија и така и ќе биде по средбата. Истото ќе биде и после средбата со Португалија.

Мотивот да се победи на секој натпревар е присутен и тоа е клучно за овие момци. Секоја чест на сите во тимот, не смао на стартните 11 и тие четворицата што влегоа. Не обрнувам внимание на изјавите на Португалците и не е добро да се коментира или омаловажува.

Добро е што Елиф и Тихо ќе бидат со нас и за средбата во Порто“ изјави Милевски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести