Серафимов го доби македонското дерби во Унгарија против Миовски и Спировски

Никола Серафимов и неговата екипа Залаегершек славеа со 2:0 на гостувањето кај МТК Будимпешта, во рамките на 19-то коло од унгарската прва лига.

Во дербито на Македонците, дефанзивецот беше подобар од Бојан Миовски и Стефан Спировски а сите тројца беа стартери, додека Спировски го напушти теренот во 61-та минута.

Головите за гостите ги постигнаа Јосип Спијлариќ и Мешак Убочиома во 35-та и 44-та минута.

Со оваа победа, Залаегершек се искачи на петтото место и има 29 бода, додека МТК Будимпешта е на последната, 12-та позиција со 16 освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести