Mладиот фудбалер на Шкупи, Давор Серафимов, успешно е опериран откако ги скина лигаментите на коленото на подготовките на тимот во Турција. Тој сериозната повреда ја здоби за време на последниот контролен натпревар во Болу против ФК Игдир.
Според лекарскиот тим на Шкупи, операцијата поминала добро и Серафимов ќе мора да помине низ шестмесечен период на рехабилитација пред да се врати на теренот.
„Управата, стручниот штаб и соиграчите му посакуваат брзо закрепнување и уште посилен да се врати во тимот. Сите сме убедени дека Серафимов ќе се опорави целосно и ќе направи значаен придонес во следната сезона“, истакнаа од Шкупи.