Серафимов прави чуда во Унгарија, пак даде гол и е топ-голгетер кај дефанзивците

Никола Серафимов гази со голови во унгарското првенство, денеска повторно е стрелец за Залаегерсег на дуелот против Ѓирмот со што веќе го даде и четвртиот погодок во тековниот шампионат.

Нашиот стопер и македонски репрезентативец беше прецизен со удар со глава во 35. минута и сега веќе има четири гол за Залаегерсег, тим за кој ја игра првата сезона.

Серафимов е на делба на 7-то место на листата со најдобри стрелци во група со уште петмина фудбалери меѓу кои е и Бојан Миовски од МТК, исто така македонски репрезентативец.

Младиот стопер на Залаегерсег е убедливо најдобар голгетер меѓу дефанзивците во Унгарија и игра брилијантно во првите 10 кола.

На 15-на минути до крајот на мечот популарниот ЗТЕ води со 2:1 и ако победи ќе се пробие на четвртото место на табелата со 14 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести