Серена двапати беше аутсајдер и победуваше, сега е во улога на фаворит

Најуспешната тенисерка на денешницата, Серена Вилијамс, не сака толку лесно да стави крај на кариерата. Американката која зад себе има 23 гренслем-титули најави дека настапот на Отвореното првенство на САД ќе биде последен за неа и потоа ќе се повлече од активното играње.

Многумина очекуваа дека 40-годишната Серена ќе загуби уште на стартот, но Американката прави чуда. Успеа да го помине првото коло, а потоа во второто коло ја елиминира и втората носителка.

Сега Вилијамс е пред нов предизвик. Вечерва противник ќе ѝ биде Ајла Томљановиќ од Австралија. Ако во првите две кола Серена во обложувалниците беше како аутсајдер, овојпат е во улога на фаворит за пласман во четвртото коло.

Серена играше и во конкуренција на двојки, и тоа со нејзината сестра Венус, но беа поразени на стартот во првото коло, па тоа значи дека следниот пораз на легендарната Вилијамс ќе значи и крај на нејзината кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести