Серена Вилијамс не дозволува порази во серија од исти противнички, а вечерва и се реваншираше на Марија Сакари за поразот на ВТА Синсинати од пред 10 дена, со триумф од 2:1 во осминафиналето на САД опен.
Во истиот комплекс, на Флешинг Медоуз, грчката тенисерка приреди сензација на 26. август и во истата фаза како и сега, во осминафинален меч ја елиминира Серена од турнирот, но немаше сили за нов подвиг.
Сега во мнпгу поважен меч, на гренд-слем турнир, Вилијамс беше подобра и славеше победа од 6:3, 6:7, 6:3 за пробив во четвртфиналето на САД опен.
https://twitter.com/espnW/status/1303014559209394177?s=20
Серена има шест пехари во Њујорк, на гренд-слемот што е последен од четирите во нормална тениска сезона, а чека нов трофеј на САД опен од 2014 година.
Следна противничка на патот кон титулата ќе и биде подбрата од дуелот меѓу Ализ Корне и Цветана Пиронкова, кој е во тек.