Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс најави дека ќе игра на Вимблдон, а како загревање по паузата од една година ќе се подготви за настап во Лондон, на ВТА турнирот во Истбурн.
Серена има 23 гренслем титули и и фали само уште една за да се израмни со рекордерката Маргарет Корт, која има 24.
Помлдата од сестрите Вилијамс паузираше точно една година, а последен настап и беше ланскиот токму на Вимблдон кога се повреди во првото коло.
https://twitter.com/christophclarey/status/1536701377086468097?s=20&t=Xi5Ma5wpSTwIQchzXWNaHw
Таа веќе има 40 години, но најави дека ќе игра на Вимблдон во еден од последните обиди да освои нов гренслем пехар.
Турнирот во Истбурн почнува на 18. јуни, а на Вимблдон ќе се игра од 27. јуни до 10. јули.