Меѓу многубројните спортисти и тенисерите и тенисерките се на шринудна пауза поради пандемијата од Коронавирусот. Меѓу оние кои се најдоа во изолација е и некогашната голема шампионка Серена Вилијамс. Америкаснката тенисерка открива дека две недели веќе е во изолација и дека полека почуваат да и попуштаат нервите.
„Сега веќе две недели сум во изолација и секоја ситница ме излудува. На работ сум со нервите. Полудувам секогаш кога ќе слушнам како некој ќе кивне или се закашла. Не се дружам со никого, а тоа значи дека не седружам ниту со мојата ќерка. Таа ќе се закашла и јас веднаш ќе се налутам. Едноставно под огромен стрес сум“, призна Серена Вилијамс.