Серена Вилијамс е една од најдобрите тенисерки на сите времиња. Таа едноставно е икона на женскиот тенис, со најмногу освоени гренд-слем титули.
Американката реши да го искоментира случајот на Јаник Синер кој доби суспензија од само три-четири месеци и тоа во период кога не се игра ниту еден гренд-слем турнир. Синер беше позитиве на допонг-тестот, а откако се утврди дека ненамерно користел запранети супстанции, неговата казна излезе смешна на крајот. Вилијас вели дека ако таа била на местото на Синер, тоа би било „крај на светот“.Вилијамс
„Не сакам никого да навредам, но јас тоа да го направев, ќе добиев 20 години суспензија. Да бидеме искрени, би ми ги одземале сите гренд-слем трофеи. За тоа ќе се слушнеше и во некој друг универзум“,
Серена се присети и на еден случај од 2016 година, кога Русинката Марија Шарапова доби две години суспензија, а потоа таа беше намалена на 15 месеци, иако тенискиот управен одбор утврди дека нејзиниот прекршок, исто како тој на Синер, бил ненамерен.