20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Серена загуби од тенисерка која имала само два месеци кога Американката го освои првиот гренслем

Младата тенисерка Елена Рибаркина од Казахстан направи големо изненадување откако успеа да ја победи и елиминира Серена Вилијамс. Рибаркина со оваа победа стигна до првото четвртфинале на гренслем-турнир, а една од најголемите победи во кариерата ја оствари со 6:3, 7:5 во сетови.

Вилијамс е тенисерката која има освоено дури 23 гренслем-титули и е рекордерка во историјата на тенисот. Серена првата титула на големите турнири ја оствари на Отвореното првенство на САД во 1999 година, и тоа кога нејзината денешна ривалка имала само два месеца.

Рибаркина во следната фаза ќе игра против нејзината сонародничка Анастасија Пављученкова, која претходно со 2:1 во сетови ја елиминира Викторија Азаренка.

- Оглас -

Најнови вести