24.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Серезо Осака и Гриндавик ја имаат традицијата на своја страна

4101 Серезо Осака – Фукуока (12.00)

Домаќинот е во одлична форма, победи на пет од последните шест меча во јапонската Џеј лига и се искачи на петтото место на табелата со 32 бода, седум помалку од лидерот Јокохама. Фукуока пак, има серија од четири порази во низа на кои постигна само два гола. Серезо славеше со 2:0 на последниот меѓусебен меч кој го играше на домашен терен, а последен пат пред своите гледачи од Фукуока загубил во 2015 година.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.30)

 

1277 Дандалк – Шамрок Р. (20.45)

Ова е дерби на 22-то коло во ирската Премиер лига, играат четвриот и првиот тим на табелата. Шамрок веќе има седум бода предност на табелата пред второпласираниот Дери сити, додека Дандалк заостанува 10 бода. И двата тима се наоѓаат во добра форма, а на последните десет меѓусебни средби, само еден меч завршил без голови, додека на два биле постигнати четири гола.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)

 

1291 Гриндавик – Тротур Р. (21.15)

Ова е натпревар од втората исландска лига и тоа помеѓу екипи кои имаат амбиции да одат еден ранг погоре. Гриндавик по осум кола е четврти на табелата до 14 бода, додека Тротур има четири бода помалку. Двата тима играат променливо, Гриндавик во последниот меч ја прекина серијата од четири натпревари без победа, додека Тротур редовно ги освојува бодовите на домашен терен, а не знае за победи на гости. На меѓусебните натпревари на кои Гриндавик е домаќин, последен пат повеќе од три гола биле постигнати пред 15 години.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.91)

 

1280 Корк сити – Дрогеда јун. (20.45)

Двата тима се наоѓаат во долниот дел од табелата, Корк е претпоследен со 21 бод, додека Дрогеда има два повеќе. И двата тима имаат негативна гол разлика, Корк сити има 24:38, додека Дрогеда 21:29, но на меѓусебните дуели најчесто и двете екипи постигнуваат голови. Дрогеда е во серија од три меча на кои игра ГГ 3+, додека Корк сити одигра на два од последните три меча.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.24)

 

6001 Будуќност – Бреидабик (21.00)

Ова е натпревар од прелиминарната фаза и победникот ќе обезбеди пласман во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Будуќност со 3:0 го совлада шампионот на Андора, Атлетик Ескалдес, додека Бреидабик беше далеку поубедлив, со 7:1 го победи претставникот од Сан Марино, Тре пене. Бидејќи за двата тима е влогот е голем, се очекува доста внимателно да влезат во мечот и нема да биде изненадување доколку на крајот бидат постигнати малку голови.

Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.94)

- Оглас -

Најнови вести