12.8 C
Skopje
среда, 15 октомври 2025

Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе го засили Челзи?

Англискиот премиерлигаш Челзи има намера да го доведе Сергеј Милинковиќ-Савиќ како слободен агент следното лето, објави италијанскиот „Кориере дело спорт“.

Според овој извор, клубот од Лондон сака да ја засили конкуренцијата во средниот ред, а Србинот, кој ќе стане слободен играч летово, е една од клучните цели на менаџерот Енцо Мареска.

Челзи и претходно беше меѓу бројните клубови со кои се поврзуваше Милинковиќ-Савиќ пред неколку години, но тој тогаш одлучи да остане во Рим и потоа направи трансфер во Ал-Хилал.

Сега ситуацијата е сосема поинаква. Сергеј Милинковиќ-Савиќ станува слободен без потреба од отштета, а на 30 години сè уште може да даде многу на највисоко ниво во европскиот фудбал.

Во последните недели тој беше поврзуван и со Јувентус, но без конкретни чекори. Милинковиќ-Савиќ премина во Ал-Хилал летото 2023 година за 40 милиони евра и досега одигра 102 натпревари, постигнувајќи 30 гола и 26 асистенции за саудискиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести