Сергеј Самсоненко е нов претседател на женскиот ракометен клуб Ростов Дон.
„Самсоненко долги години е активен поддржувач на ракометот и има огромно искуство во раководење со спортски тимови. Од 2012 до 2019 година Сергеј Самсоненко беше сопственик на ракометниот клуб Вардар. Под негово водство машкиот тим освои бројни титули, шест пати стана шампион на Македонија, пет пати освојувач на националниот куп, а го постигна и највисокиот резултат, двапати освојувајќи ја Лигата на шампионите. Женскиот тим стана четирикратен шампион на Македонија, трикратен освојувач на националниот Куп и двапати сребрен медал во Лигата на шампионите, а пет пати стигна до фајналфор во Лигата на шампионите“, објавија од Ростов.
„Самсоненко е и основач на букмејкерската компанија BETSITI. Тој ја создаде компанијата во 2003 година во Ростов-на-Дон.
Уверени сме дека со новиот претседател клубот ќе достигне нови височини и ќе продолжи да ги радува своите навивачи со победи!“, додаваат од Ростов.