Серхио Агуеро, напаѓачот на Манчестер сити, бил дел од сообраќајка која се случила пред тренинг-кампот на Манчестер сити. Автомобилот со кој се возел Агуеро претрпел поголема штета и е надвор од возна состојба, но, за среќа, Аргентинецот поминал без повреди.
Агуеро по несреќата заминал и на тренинг и го одработил без никакви потешкотии. Голгетерот на Сити дури и на социјалите мрежи „се пофали“ дека имал сообраќајка.
Сити во сабота ќе гостува кај Кристал палас во меч од Премиер лигата, а се очекува Агуеро да биде во стартниот тим.