Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро беше еден од најдобрите напаѓачи коишто играле за Манчестер сити, но се одлучи да си замине за да игра за Барселона. Неговиот престој во Каталонија траеше кратко бидејќи на натпреварот против Алавес се пожали на болки во градите, а лекарите констатираа дека има проблеми со срцето и му забранија да игра фудбал.
Но, синоќа аргентинските медиуми објавија дека Агуеро му се враќа на фудбалот. Ова го потврди и самиот фудбалер, кој вели дека повикот од Карлос Тевес не се одбива и дека откако добил дозвола од лекарите, ќе игра за славниот Индепендиенте.
Сепак, кардиологот кој ја следи здравствената состојба на Аргентинецот вели дека треба да се направат дополнителни прегледи и да се симулира фудбалски натпревар за Серхио Агуеро да добие конечна дозвола да му се врати на фудбалот. Но, се чини дека Аргентинецот и без конечна дозвола започнал со тренинзи бидејќи е забележан како тренира со екипата на Индепендиенте.