Серхио Агуеро потврди дека мора предвреме да ја заврши кариерата поради здравствени проблеми. Аргентинскиот голгетер има проблеми со срцето, па лекарите решија дека не смее да продолжи со активно играње.
Тоа значи дека Агуеро нема да биде дел од Светското првенство во Катар, каде што Аргентина се надева на мундијалската титула. Сепак, од Аргентина пристигнуваат најави дека можно е Агуеро да биде дел од аргентинскиот состав, но не како играч, туку како дел од стручниот штаб.
Останува самиот Агуеро да реши дали би прифатил таква улога во националниот тим.