Серхио Рамос допатува од Мексико на простувањето на Лука Модриќ: „Брате, ти си легенда“

Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ од 16.15 часот го пречекува Реал Сосиедад во последното коло од сезоната во Ла Лига. Иако Кралскиот клуб веќе ја обезбеди втората позиција, овој натпревар носи посебна емоција – капитенот Лука Модриќ и тренерот Карло Анчелоти се простуваат со мадридската публика.

Хрватската фудбалска икона, Лука Модриќ, ќе го предводи тимот како капитен во својата последна првенствена средба за Реал, клуб за кој настапува од 2012 година. Неговиот долгогодишен пријател и поранешен капитен на Реал, Серхио Рамос, допатува специјално од Мексико, каде игра за Монтереј, за да го поддржи Модриќ.

„Морав да те прегрнам пред последниот натпревар на ‘Бернабеу’. Уживај во моментот. Ти си легенда, брате. Те сакам многу“, напиша Рамос на социјалните мрежи.

Трофеите кои ги освоија заедно (2012–2021)


4× Лига на шампиони: 2014, 2016, 2017, 2018

2× Ла Лига: 2012/13, 2016/17

2× Копа дел Реј: 2014, 2017

4× Суперкуп на Шпанија: 2012, 2017, 2019, 2020

3× Суперкуп на УЕФА: 2014, 2016, 2017

4× Светско клупско првенство: 2014, 2016, 2017, 2018

- Оглас -

Најнови вести