Легендата на шпанскиот и светскиот фудбал, Серхио Рамос, би можело да стане нов играч на Галатасарај.
Рамос е слободен играч откако на 1 јули му истече договорот со Пари Сен Жермен и може да бира каде ќе игра. Една од понудите кои ги има Рамос е од турскиот првак Галатасарај. Кога Турците го имале првиот контакт со нив, Рамос им рекол дека чека богата понуда од Саудиска Арабија, а ако не добие, би прифатил да дојде во Галата.
Рамос веруваше дека може да ја засили одбраната на Ал-Хилал, но тие го купија Мерих Демирал, па се намалуваат шансите Рамос да се пресели во Саудиска Арабија, а со тоа се зголемуваат шансите да замине во Галатасарај.
Понудата на Галатасарај е плата од 5,5 милиони евра за две сезони.