Серхио Рамос го доби 30-тиот црвен картон во кариерата

Серхио Рамос во петиот меч во дресот на Монтереј ја покажа својата мрачна страна. Откако во првите четири дуели постигна два гола, сега Рамос доби црвен картон.

Во мечот од 12-тото коло на првенството на Мексико меѓу УНАМ Пумас и неговиот Монтереј, Рамос го доби 30-тиот црвен картон во кариерата. Монтереј водеше со 3:1 и јасно беше дека ќе победи кога во 91-вата минута Рамос без никаква потреба и без да биде испровоциран, буквално го шутна противникот.

- Оглас -

Најнови вести