Фудбалската школа на Барселона во последните 20-тина години даде голем број ѕвезди. Во изминатиов период многупати беа споредувани некои фудбалери со легендарниот Лионел Меси, но уште никој не стигна да биде ни дел од тоа што е Аргентинецот.
Последен во низата на играчи од кои се очекува да биде новиот Меси е Ламин Јамал. Тоа е фудбалерот на Барселона кој има само 16 години, но блескаво ја почна сезоната. Беше еден од најдобрите на теренот на последниот меч против Виљареал, а кога беше повлечен од игра, доби аплаузи дури и од противничките навивачи.
Јамал доби повик да дебитира и за сениорскиот тим на Шпанија, во септемвриските квалификациите за ЕП 2024 година. Токму повикот за националниот тим го направи Јамал уште поактуелен, па низ медиумите се појави една интересна фотографија.
На Ел Класико во Барселона, Јамал како деветгодишно момче беше дел од Ел Класико, и тоа како едно од децата кои се појавија на теренот пред мечот. Интересно е дека Јамал за рака го држеше тогашниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос.
Само седум години подоцна, Ламал е во сениорскиот тим на Барселона, сезонава веќе има четири асистенции за гол, а уште го чека првенецот за сениорите. Според играта, Јамал засега го споредуваат со Лионел Меси и Роналдињо, но секако дека овој тинејџер уште многу има да работи за да стигне до еден од двата врвни фудбалери.