12.8 C
Skopje
понеделник, 3 ноември 2025

Серхио Рамос може да заработи суспензија каква што никогаш во кариерата не добил

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос може да добие суспензија  дури од 15 натпревари поради црвениот картон кој го доби во 12-тото коло на првенството во Мексико. Рамос неодамна потпиша за тимот на Монтереј, а на дуелот против Пумас доби црвен картон во судиското продолжение откако намерно го удри противникот.

Дисциплинската комисија забележува дека Рамос и во текот на мечот против Пумас имал неколку остри стартови кои останале несанкционирани од страна на арбитерот. Поради агресивното однесување, Рамос може да биде суспендиран на 15 натпревари, а може да биде казнет и со 248.000 евра.

За Рамос тоа беше јубилеен 30-ти црвен картон во кариерата. Тој е еден од рекордерите по бројот на исклучувања во светскиот фудбал, а сега ја чека санкцијата за првиот црвен картон заработен во Мексико.

- Оглас -

Најнови вести