Серхио Рамос му се нуди на тимот во кој ја започна кариерата

Серхио Рамос сака последните сезони во кариерата да ги помине во клубот во кој и ја започна, Севиља.

Шпанските медиуми пишуваат дека дефанзивецот преку неговиот брат и Хесус Навас своите услуги му ги понудил на својот поранешен тим.

Рамос ја одби богата понуда од Саудиска Арабија бидејќи парите не му се приоритет и во договор со сопругата, сака да се врати во родната Андалузија.

Рамос токму во тимот на Севиља дебитираше во професионалниот фудбал, по што во 2005 година се пресели во Реал Мадрид, каде што стана легенда. Со Реал Мадрид освои сè што можеше да се освои и во 2021 година се пресели во ПСЖ.

Проектот на катарските шеици не успеа, ПСЖ не ја освои титулата во ЛШ и Рамос по истекот на договорот одлучи да се врати во татковината.

- Оглас -

Најнови вести