13.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Серхио Рамос покажа дека не заборавил да игра фудбал, го постигна првиот гол во дресот на Монтереј (Видео)

Легендарниот Серхио Рамос осум месеци беше надвор од фудбалот пред да направи изненадувачки трансфер во мексиканскиот Монтереј, а сега и го постигна првиот гол во дресот на новата екипа. Триесет и осумгодишниот дефанзивец веднаш ја доби и капитенската лента во Монтереј, а голот првенец го постигна на мечот против Сантос Лагуна во 57-мата минута за водство од 2-1 на неговата екипа.

Монтереј на крајот победи со 4-2, а ова за нив е втора победа на вториот меч на кој Рамос настапува и ги предводи на теренот како капитен.

- Оглас -

Најнови вести