Искусниот шпански дефанзивец Серхио Рамос летово стана слободен играч откако му истече договорот со Пари Сен Жермен. Францускиот првак реши да не ја продолжи соработката со Рамос, а се очекуваше дека Шпанецот наскоро ќе има нов клуб. Сепак, тоа не се случи и 37-годишниот фудбалер уште е без клуб.
Како една од варијантите беше Рамос да се врати во Севилја, клубот од којшто ја започна кариерата. Сепак, од Севилја објаснија дека Рамос воопшто не е во нивните планови за новата сезона.
„Како и секој преоден рок имаме наш план. Рамос никогаш не ни бил опција. Не ни треба. Имавме некој директни и индиректни понуди, но не се занимававме со тоа“, рече првиот човек на Севилја, Пепе Кастро.
Како освојувач на Лигата на Европа, Севилја вечерва игра во Суперкупот на Европа против актуелниот европски првак Манчестер сити.
„Мирен сум бидејќи имаме големо искуство со играње во финалиња. Ќе биде многу тешко затоа што за противник имаме многу силен ривал и супериорен фаворит, но ќе се обидеме со сите сили. Вистина дека се многу добри, но и ние нема да се откажеме“, додаде Кастро.
Дуелот од Суперкупот на УЕФА го има во Специјален сингл понудата на Sport Life.