25.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Серхио Рамос стана пејач, го објави и спотот за првата песна (Видео)

Серхио Рамос, кој е еден од најдобрите дефанзивци во светот во изминативе неколку денцении, на залезот од играчката кариера реши да се проба и во музиката. Шпанецот, кој на 39 години игра во тимот на Монтереј во Мексико, ја промовираше првата песна и спотот.

Песната го носи насловот „Сибелес“ и е по туристичката атракција која се наоѓа во центарот на Мадрид. Сибелес е местото каде што Реал Мадрид ги слави освоените титули.

Само по два дена од промоцијата на спотот на Youtube, песната има повеќе од два и пол милиони прегледи. Рамос во песната пее за неговото заминување од Реал Мадрид и љубовта што ја има кон клубот.

Рамос е оптимист дека може да има добра пејачка кариера, па дури најавил дека за неколку години очекува да освои и Греми награда.

 

- Оглас -

Најнови вести