Серија А десеткувана – Дербито на Италија меѓу Јуве и Интер и уште 4 меча се одложени

Коронавирусот предизвика вистински хаос и на спортските настани во Италија, па челниците на Серија А донесоа одлука да се одложат пет меча што требаше да се играат денеска и утре.

Меѓу нив е и најважниот, Дербито на Италија меѓу Јувентус и Интер, што беше закажан за утре од 20.45 часот. Ќе се игра на 13. мај, исто како и дуелите меѓу Удинезе – Фиорентина, Милан – Џенова, Парма – СПАЛ и Сасуоло – Бреша.

Сите овие дуели се презакажани за 13. мај.

Денеска и утре ќе се играат мечевите меѓу Лацио и Болоња, Наполи и Торино, Лече – Аталанта и Калјари – Рома.

 

- Оглас -

Најнови вести