Серија А ќе му оддаде почит на починатиот репрезентативец

Мечевите од 25-тото коло во италијанската Серија А ќе бидат во знакот на некогашниот италијански репрезентативец и капитен на Фиорентина, Давиде Астори. Фудлаерот почина на 4 март 2018 година, што значи дека сега се навршуваат три години од тој трагичен настан.

Астори го носеше дресот со бројот 13, па затоа во 13-тата минута на сите мечеви на семафорите ќе се појави фотографија во сеќавање на прерано починатиот фудбалер. Давиде имаше само 31 година, а почина во сон од срцев удар.

Освен за Фиорентина, го носеше дресот и на Калјари и Рома. Имаше и 14 настапи за репрезентацијата на Италија, а има постигнато и еден гол.

 

- Оглас -

Најнови вести