23.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Серија А ќе се игра, но зад затворени врати до 3 април

Владата во Италија донесе одлука сите спортски настани во земјата од денеска, па до 3 април да се играат зад затворени врати, односно без публика. Оваа очекувана одлука е како обид за да се намали ширењето на смртоносниот Коронавирус во земјата. Во Италија веќе има повеќе од 100 жртви од овој опасен вирус, а бројот на заразени рапидно се зголемува и засега ја има надминато бројката од 3.000 заразени.

Во изминативе 10-тина дена во италијанската Серија А веќе беа одложени повеќе мечеви, па сега треба да се најдат слободни термини кога да се одиграат тие средби. Освен дуелите од италијанско првенство, поради Коронавирусот беа одложени и двата реванш-полфинални средби од Купот на земјата меѓу Јувентус и Милан (требаше да играат вечерва), односно Наполи и Интер, чиј меч беше закажан за утревечер.

- Оглас -

Најнови вести