Серија А може да се игра по нов формат кој ќе биде многу поинтересен

Новото првенство во италијанската Серија А стартува овој викенд. Јувентус е актуелен првак и гигантот од Торино ќе има посебен мотив за да го одбрани тронот и по јубилеен 10-ти пат во низа да стигне до Скудетото. Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, има идеја да се смени форматот на натпреварувањето во Серија А.

Според Гравина, првенството би можело да се игра во три фази, а на крајот најдобрите осум да бидат во трка за титулата. Во моментов, во Серија А има 20 екипи и се игра по класичен систем секој со секого по еден меч на домашен и гостински терен. Првенството трае 38 кола.

„Интересот за италијанското првенство се намалува, а улога во тоа има и сегашниот систем. Затоа сакам да предложам промени според кои секое коло ќе биде интересно. Со сегашниот систем ризикуваме да загубиме добар дел од гледачите, затоа што во одреден дел од шампионатот не е многу битно дали ќе загубиш или ќе го добиеш дуелот. Тоа веќе нема никаква смисла“, рече Гравина, кој знае дека ќе има многу противници околу воведување на евентуалниот нов систем на натпреварување.

 

- Оглас -

Најнови вести