Серија А повторно ќе има 18 клуба?

Според објава на весникот „Ла Република“, италијанската Серија А би можела повторно да има 18 тима наместо сегашните 20, а причина за ова е балансирањето со зголемениот број натпревари во европските купови кои се најавуваат за 2024 година. И другите Топ 5 лиги кои имаат по 20 тима размислувале за кратење.

Со новиот формат на Лигата на шампионите, кој треба да стартува во сезоната 2024/2025, ќе има дури 100 меча повеќе од сега. Затоа италијанските прволигаши ќе имаат состанок на кој ќе се разговара на оваа тема и околу последиците од пропаднатата Супер лига. Во Италија веќе е изгласана промена на форматот на Купот на Италија, и тоа уште од следната сезона. Во популарната Копа Италија ќе играат само 40-те тима од Серија А и Серија Б.

- Оглас -

Најнови вести