Серија А по долг период го враќа фокусот во најинтересната сезона во последната декада дури со 7 клубови што имаат аспирации до крај да се борат за Скудетото.
Во последните 9 сезони Јувентус беше апсолутен владетел со исто толку титули во низа, но овојпат шампионот не е толку убедлив, а на сцената се вратија миланските гиганти Милан и Интер.
Росонерите се лидери со 43 бода, а разликата меѓу нив и седмопласираниот Лацио е само 9 бода, на половина од сезоната што е најмала разлика во последната декада.
Интер има 41 бод и големи амбиции, исто како и градскиот ривал Милан, кој е на чело на табелата со два бода повеќе. Во првата седморка следува Рома со 37 бода, Јувентус со 36, колку што има и Аталанта, но шампионот е со меч помалку.
Сериозен кандидат за Скудетото според игрите што ги прикажува во серија неколку сезони по ред е и Аталанта, потоа и Наполи со 34 бода и меч помалку и Лацио, кој има еднаков број бодови со Наполитанците.
Првенството е многу поизрамнето од претходните во кои Јувентус секогаш прв ја минуваше целта, па се очекува неизвесна битка до самиот крај за шампионската круна во Серија А.