Серија А стана рај за голови – Милан почна голем пресврт против Лече, но не го заврши (Видео)

Дури 9 гола имаше на два меча денеска во Серија А што е ефект кој е нетипичен за италијанското првенство, а и двата дуели беа драматични.

Кремонезе загуби со 2:3 од Монца, откако губеше и со 0:3, па остана единствената екипа без победа во Калчото.

Пресврт не успеа да направи ниту Милан, барем не комплетен, иако Росонерите анулираа негатива од два гола на Лече и ремизираа 2:2 на „Виа Дел Маре“ како гости.

Лече поведе со автоголот на Ернандес во третата минута, а 20 минути подоцна Баширото зголеми на 2:0.

Милан одигра слабо прво полувреме, но се врати во прдолжението со два гола за реми.

Рафаел Леао беше стрелец за гостите во 58. минута, а израмни Данте Калабрија со погодок во 71. минута.

Резултатот најмногу му одговара на лидерот во Серија А, Наполи кој сега има предност од 9 бода пред актуелниот првак.

 

- Оглас -

Најнови вести