Серија А станува „произведено во Италија“ за странскиот пазар

Директорот на Серија А, Луиџи де Сиерво, изјави дека Лигата ќе се вика поинаку за публиката надвор од Италија.

Тој за шпанскиот весник „Ас“ откри дека во договор со италијанската влада е одлучено името на лигата за странскиот пазар да се брендира во „Серија А – произведено во Италија (Seria A – made in Italy)“.

„Започнавме процес на враќање на статусот во фудбалот што го имавме во минатото. Се обидуваме да направиме поинтересен производ. Ефективната игра и две-третини од времето на натпреварот и ние сакаме таа последна третина да ја направиме максимално интересна. Сега се вршат преноси со камери какви што се користат за снимање филмови бидејќи во денешно време мора да се натпреваруваме со сервиси како Нетфликс и Амазон, кои луѓето ги гледаат во слободно време“,изјави Сиерво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести