Сагата со Килијан Мбапе беше долга и цело лето ги забавуваше фудбалските симпатизери и ги полнеше страниците на медиумите на целата планета и кога се чинеше дека стивна со продолжување на договорот со ПСЖ, сега пак е актуелна.
Серијалот го продолжи шпанска „Марка“ со објава дека имало ујдурма со продолжување на договорот со ПСЖ до 2024 година, а не до 2025 како што е официјално објавено.
Марка објави дека Мбаше е скаран со раководството на ПСЖ и дека сака да си замине, најдоцна до јуни идната година, а можно е да се пресели во друг клуб и во јануарскиот преоден рок.
Сепак сега има нови информации за итен состанок на челниците на ПСЖ и тоа рано наутро денеска.
Донесена е одлука да не му биде дозволено на Мбапе да си замине пред истекот на договорот, освен ако некој клуб нe ја плати огромната отштетна клаузула за напаѓачот.
Тоа би значело дека Мбапе би можел да почне преговори со друг клуб во 2024 година, а во спротивно според најавите од Ал-Келаифи и раководството на ПСЖ нема шанси Мбапе да си замине.