Фудбалерите на Ал-Наср ја забележаа четвртата победа во шесттото коло во првенството на Саудиска Арабија. Предводени од Кристијано Роналдо и Садио Мане, тие вечерва го совладаа составот на Ал-Оруба со убедливи 3-0.
Резултатот го отвори Кристијано Роналдо од пенал во 17-тата минута, а во 29-тата минута му асистираше на Садио Мане за 2-0. Сенегалецот со својот втор гол ги постави конечните 3-0 во 71-вата минута.
Ал-Наср со оваа победа се искачи на третата позиција со бод помалку од Ал-Хилал и Ал-Итихад.