Серијата без победа од четири меча на Јувентус заврши на најдобар можен начин, со победа над големиот ривал Милан на домашен терен со 2-0. Со оваа победа „старата дама“ се врати помеѓу најдобрите четири екипи на табелата во Серија А, можеби само привремено, бидејќи Лацио утре ќе го игра својот натпревар од 21-вото коло.
На спротивната страна, серијата без пораз од осум натпревари во сите натпреварувања за Милан заврши во Торино, а најзаслужни за тоа беа Самуел Мбангула и Томоти Веа, кои беа стреци на головите за Јувентус.