Серијата на добри резултати за екипата на Рома продолжи и на првенствениот меч против Комо, иако „волчицата“ имаше негатива после првиот дел. Гостите дојдоа во водство во 44-тата минута преку Да Куња, но во вториот дел Саемакерс и Довбик со головите во 61-вата, односно во 76-тата минута, направија комплетен пресврт и ја донесоа победата од 2-1 за Рома.
Работата им беше олеснета во 63-тата минута, кога Кемп заработи втор жолт картон, автоматски и исклучување, па Комо со играч помалку не успеа да остане непоразен на овој меч.
Со оваа победа, Рома дојде до осмата позиција со 43 бода и само уште повеќе се доближи до местата кои водат во фудбалска Европа.