10.8 C
Skopje
петок, 21 ноември 2025

Серијата порази за Мемфис заврши со убедлив триумф, Филаделфија ја спаси честа на гостите (Видео)

Кошаркарите на Филаделфија ја спасија честа на гостинските екипи и победија против Милвоки по продолженија со 114-123, откако мечот заврши 106-106 во регуларните 48 минути.

Гостинскиот кошаркар, Тајрис Макси, имаше неверојатна партија и уфрли 54 поени, со што беше најзаслужен за победата на 76-ките.

Екипите на Мемфис и Сакраменто во меѓусебниот дуел влегоа со катастрофални серии на порази, а на крајот домашните беа тие кои се радуваа. Мемфис иако имаше пет порази по ред, сепак, успеа да слави со убедливи 137-96 против Сакраменто.

Резултати: 

Орландо – ЛА Клиперс 129-101
Мемфис – Сакраменто 137-96
Милвоки – Филаделфија 114-123 (106-106)
Сан Антонио – Атланта 135-126

- Оглас -

Најнови вести