Сериозен инцидент во Ла Лига – Фудбалер на Кадис го навреди Дијакаби на расна основа, Валенсија го повлече тимот (Видео)

Сериозен инцидент се случи на мечот меѓу Кадис и Валенсија, кој беше прекинат, откако гостите си заминаа од терен во знак на поддршка за Мустафа Дијакаби.

Играчот на Валенсија веројатно бил навредуван на расна основа од Хуан Торес Руис, или попознат само како Кала. Одбранбениот играч на Кадис имаше дуел со Дијакаби, а потоа оддеднаш играчот на Валенсија почна да го брка по терен.

Целата ситуација што предизвика прекин на мечот можете да ја погледнете ОВДЕ.

Дијакаби не можеше да се смири, се претпоставува дека бил навреден вербално од Кала, а двајцата добија жолт картон. Потоа гостите одлучија во знак на протест и поддршка кон својот играч да го напуштат теренот во 32. минута при резултат 1:1.

По неколку минути пауза гостите сепак одлучија да се вратат на терен и да го доиграат натпреварот, но без Дијакаби, кој одби да игра и беше заменет.

 

 

- Оглас -

Најнови вести