Флуминенсе – Аваи (Серија А, Бразил, 01 часот)
Флуминенсе трпи неуспех до неуспех сезонава, а елиминацијата од Коринтијанс во четврт-финалето на Копа Судамерикана особено боли. Популарните Триколори имаа одличен резултат од првиот меч што заврши без голови, но на преполната „Маракана“ не успеаја да се пласираат во полуфиналето бидејќи мечот заврши повторно нерешено, но со резултат 1:1, што го одведе ривалот во завршницата.
И во првенството, тандемот на клупата на Флу, Маркао и Освалдо де Оливеира не наоѓаат рецепт како да го извлечат клубот од опасната зона.
Флуминенсе има солиден тим што го предводи Гансо, но забележа само 3 победи и има дури 9 порази, доволно само за 18-то место во конкуренција на 20 клубови во Серија А. Ноќеска имаат императив да победат и секој друг исход би бил катастрофален за нив.
Аваи е единствената екипа во елитното друштво што сè уште нема победа по 16 одиграни натпревари и е аутсајдер против Флуминенсе. Примаат доста голови, а тешко ги даваат, па ќе типуваме дека домаќинот ќе победи без проблем.
Предлог тип: 1 (1.55)
Серо Портењо – Ривер плејт (Класура, Парагвај, 01 часот)
И Серо Портењо е во слична позиција како Флуминенсе, испадна во четврт-финалето во јужноамериканските купови, иако тие беа аутсајдери во четврт-финалето во Копа Либертадорес против шампионот Ривер плејт од Аргентина.
Сега ќе играат со уште една екипа со истото име, но од домашното првенство со парагвајскиот Ривер плејт. Серо Портењо има искусна, добра екипа што ја предводи Нелсон Валдес, тука се и Ларивеј, Агилјар и уште неколку одлични играчи.
Гостите немаат победа на последните пет меча во првенството, а и никогаш не го победиле Серо Портењо во досегашните шест меѓусебни дуели. Напротив, фаворитот има максимален учинок со гол-разлика 21:4.
Очекуваме Серо Портењо да го задржи просекот од 3,5 гола по меч против Ривер плејт и да забележи убедлива победа.
Предлог тип: 1&4+ (3.70)
Марин Чилиќ – Рафаел Надал (Отворено првенство на САД, 01 часот)
Ова заедно со дуелот меѓу Ѓоковиќ и Вавринка, што го доби Швајцарецот, е едно од двете дербија од осминафиналната рунда на Отвореното првенство на САД.
И двајцата тенисери го имаат освојувано последниот гренд слем турнир во годината, а Надал има три титули во Њујорк, наспроти едната на Чилиќ. За Хрватот, триумфот во 2014 година на „Флешинг Медоуз“ беше блесокот на кариерата, додека Надал има плус уште 15 пехари од гренд слем турнирите.
Билансот во меѓусебните дуели е на страната на Надал, кој води со 6:3, но Чилиќ е секогаш незгоден ривал за Шпанецот, особено на побрзите подлоги.
Иако според коефициентите Надал е апсолутен фаворит, се очекува добар меч, одличен тенис, а ние веруваме и дека ќе има барем еден сет што ќе се одлучува во тај брејк. Чилиќ е одличен сервер, знае да си го чува сервисот, тешко е против него да се направи брејк, особено кога е во добра форма, а како игра на ова издание на Отвореното првенство на САД, нема да биде чудо ако го намачи Надал.
Предлог тип: Има тај-брејк (1.60)
Тејлор Таунсенд – Бјанка Андрееску (Отворено првенство на САД, 03 часот)
Двете млади тенисерки за првпат ќе играат во четврто коло на гренд слем турнир и тоа им е најголем дострел досега на четирите најценети светски турнири.
Андрееску е помлада и има само 19 години, но има повеќе успеси од ривалката и е голем фаворит за победа. Блескаше годинава со два значајни пехари на големи турнири, а веќе урива и рекорди. Таа е единствената во историјата на турнирот во Индијан Велс, или како што го нарекуваат петтиот гренд слем што освоила титула, а на турнирот настапи со вајлд-кард, или на покана на организаторите.
Потоа приреди и сензација на Роџерс купот во Торонто, пред својата публика и го освои престижниот пехар на турнир што има огромно реноме во светот на тенисот.
Таунсенд сè уште нема ВТА-титула, има 23 години, но според тоа како игра во Њујорк, почна да потврдува зошто беше лидер во својата генерација. Во 2012 година ја заврши сезоната како најдобро рангирана јуниорка на светот, но потоа не ѝ одеше сè според предвидувањата и талентот што го има.
Конечно на овој турнир успеа да направи голем резултат со елиминација на Симона Халеп во второто коло, откако претходно ја победи Козлова и мина две квалификациски рунди. Потоа беше подобра и од Сорана Кирстеа и сега ја чека канадско-американски дуел со Андрееску.
И двете тенисерки се дебитантки во четврта рунда на гренд слем, ова им е прв меѓусебен дуел и ќе типуваме дека новото ривалство во женскиот тенис ќе почне со три сета.
Предлог тип: >20.5 гема (1.95)