Сестрата му одржа тениска лекција на Надал (Видео)

Славниот шпански тенисер Рафаел Надал, е познат по тоа што мрази да губи, но вчера мораше да ѝ честита на неговата три години помлада сестра Марија Изабел, или скратено Марибел, како што ја викаат сите. Тие играа во домашни услови, поточно на мал терен во дворот, а мрежа им беа две фотелји.

Марибел која го запозна Рафа со неговата сопруга Чиска, многу е блиска со братот, го придружува на многу турнири, но тоа не значи дека тој ѝ попушташе премногу додека играа. Решавачкиот поен покажа дека Марибел знае да одигра на мрежа.

- Оглас -

Најнови вести