Сестрата на Кристијано Роналдо, Катја Авеиро, преку својот „Инстаграм“ порача дека ова било најлошо Светско првенство во историјата, но ги пофали Аргентина и Франција за спектакуларното финале.
„Најлошо Светско првенство на сите времиња, за среќа, барем финалето беше одлично. Каков меч. Честитки за Аргентина. Мбапе, момчето е неверојатно. Пред него е брилијантна иднина“, напиша Катја.