13.8 C
Skopje
недела, 8 февруари 2026

Сестрата на Линдзи Вон откри во каква состојба е легендарната скијачка (Видео)

Една од најдобрите скијачки на сите времиња, Линдзи Вон денеска доживеа тежок пад за време на спуст трката во Кортина Д’Ампецо. Американката излета во горниот дел од патеката, а стравувањата се дека тој пад може да значи и крај на кариерата на легендарната скијачка.

Вон со хеликоптер беше пренесена во болница, а првите информации околу нејзината состојба ги даде сестра ѝ Карен Килдов.

„Беше страшно да се гледа затоа што кога ќе видите дека на носилки ја изнесуваат, тоа никогаш не е добар знак. Но, како вели онаа изрека за човекот во арената – таа се осмели, даде се од себе и одеше до крај. Многу е тешко да се гледа ова, но најважно е да е добро. Со Линдзи се нејзините хирурзи, физиотерапевти и доктори. Единствено што знаеме е дека е на прегледи и се надевам дека ќе биде добро“, рече сестрата на Линдзи Вон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести