Сестрата на Роналдо застана во одбрана на братот: Повеќе од јасно е зошто не беше на погребот на Жота

Капитенот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо беше еден од ретките кои не беше на погребот на Диого Жота и Андре Силва. Роналдо решил да не присуствува на погребот, за да не привлече големо внимание, но оваа негова одлука предизвика поделени мислења и реакции кај јавноста.

Многумина јавно го осудија Роналдо за одлуката да не биде на погребот на Жота и неговиот брат, а во одбрана на португалската ѕвезда застана неговата сестра Катја Авеиро.

„Фанатизмот е веќе заморен, критикувањето без никаква причина. Болно општество. Сите имаме семејство. Ужасно е срамно да се гледаат телевизиските канали, коментаторите и социјалните мрежи како даваат повеќе простор на мудро отсуство отколку да се оддаде почит на болката на семејството што ги загуби двајцата браќа. Тажно“, рече сестрата на Роналдо потсетувајќи се на медиумската експозиција што ја доживеа семејството Авеиро по смртта на нивниот татко во 2005 година.

Катја вели дека нејзиниот брат воопшто не може да присуствува на никакви семејни собири поради неговата популарност.

„Кристијано е медиумска фигура, многу повеќе од нас, неговото семејство. Каде и да се појави, привлекува многу внимание. Мојот брат не може да оди на свадби бидејќи вистинското значење на настанот би се изгубило. Не може да оди на роденденот на неговиот внук. Не може да седне на кафе, на терасата, од очигледни причини“, додава Катја.

- Оглас -

Најнови вести